9. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Некои пекари ја спуштија цената на лебот на 32 денари – Денеска очекувајте големо намалување на лебот, млекото, месото…

Дел од пекарите веќе најавија дека лебот ќе го продаваат по 32 денари, откако добија субвенционирани цени на електрична енергија од 80 евра за мегават.

Реалното намалување на пекарските производи ќе биде за 10-15%.

Со новите цени кои се повластени за компании од прехранбената индустрија, треба да поевтини и месото.

Да потсетиме дека владата обезбедид струја на 200 компании од секторот за прехрана.

Дополнително олеснување за компаниите во однос на најавеното намалување и нормализирање на цените е и драстичното поевтинување на нафтата која од 115-120 за литар се намали на 86 денари.

За оние кои ќе се оглушат на повиците за намалување на нивните производи, ќе следат сериозни казни поради нивното воено профитерство.

Можеби ќе ве интересира

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +

Курсна листа за 28.08.2025

ДЕСК

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК