17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Со прострелна рана во стомакот донесено младо момче во скопските клиники, МВР го истражува случајот

На 26.11.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во село Љуботен, скопско има повредено лице од огнено оружје, кое со возило било однесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Од полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и било утврдено дека станува збор за М.Љ.(31) од село Љуботен, кој, според првично пријавеното од лицата кои биле со него, Р.А. и М.А., биле заедно на лов во с.Љуботен. Според пријавеното, повредениот останал сам во викенд куќа и во еден момент, Р.А. и М.А. слушнале истрел од огнено оружје и кога се упатиле кон викенд куќата, го пронашле повредениот во собата со прострелна рана во пределот на стомакот.

Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК