9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира, договорот што го споменува е за период од 18 месеци

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира, договорот што го споменува е за период од 18 месеци

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лагите и манипулациите кои ги пласира на штета на интересите на граѓаните и на штета на македонскиот енергетси систем.

Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2022 и следната грејна сеозна, 2024/2025.

Како што јавно објави и АД ЕСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза.

На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е битна енергетиката, за време на 11 години владеење на оваа партија, цената на струјата се зголеми за 100 отсто, а не беше изграден ниту еден нов енергетски капацитет во државата.

Затоа денес оваа партија нема кредибилитет да зборува за енергетика.

Можеби ќе ве интересира

Истрага против четири лица за препродавање на дрога

ДЕСК

Петрушевски: Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните

ДЕСК

Мојсоска: Време е истрошените политичари да заминат на буништето на историјата

ДЕСК