23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАИЗБОР

Едноставно и брзо предјадење за слава: Од една смеса направете 2 вида солени топчиња

За слава, најмногу внимание секогаш се посветува на мезето. Домаќинките таму ја покажуваат целата своја креативност и секоја година се трудат да се надминат себеси.

Годинава пробајте солени топчиња со сирење и од една смеса ќе имате два вида, во зависност од тоа во што ќе ги виткате.

Состојки:

  • 200 грама сирење
  • три тврдо варени јајца
  • 150 грама шунка
  • 50 грама ореви
  • едно чешне лук
  • две до три лажици мајонез

Подготовка:
Изрендајте го сирењето. Варените јајца одвојте ги на белки и жолчки. Во сад со рендано сирење додадете рендани белки, издробениот лук и мајонезот. Добро измешајте, пишува Магазин Новости.

Формирајте топчиња така што внатре ќе ставите парче орев. Изрендајте ги жолчката и шунката, па половина од топчињата расукајте ги во едната, а половина во другата смеса.