23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: На изборите во 2024 година ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз

Изборите ќе бидат во 2024 година, прво ќе имаме претседателски а потоа и парламентарни избори. На тие избори ќе се случи истото што се случи во Маврово Ростуше, кога ВМРО – ДПМНЕ зборуваше за огромна предност на нивната партија и на крај катастрофално ги изгубија изборите. Тоа е резултат на политиките кои оваа Влада ги води а тоа се политики за европска интеграција на државата, со многу јасен план за справување со економската и енергетската криза, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не покажа никаков резултат на локално ниво, катастрофално управува со општините кои се заглавени.

-ВМРО -ДПМНЕ можеше да покаже што може да направи бидејќи освои над 50 општини пред само 1 година и гледаме дека катастрофално управува со тие општини. Како што 11 години ја упропастија државата да не мрдне еден милиметар во европските интеграции, да немаме ниту една инвестиција голема во енергетскиот сектор. Истото тоа го потврдуваат сега, дека се потполно иста партија, со потполно ист начин на управување во градот Скопје. Гледаме 11 години како што беше земјава заглавена под власта на ВМРО – ДПМНЕ, така сега Скопје цела една година е заглавено под власта на ВМРО – ДПМНЕ, додаде претседателот Ковачевски.