27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Стомачен вирус во Македонија: Силни болки, грчеви, треска, температура…

Докторот Бојан Трајковски на својот Фејсбук профил предупредува дека хара доста сериозен стомачен вирус!

Според него, симптомите се многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…

„Нема што нема од симптоми! Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите“, вели Трајковски.

Ккао што препорачува докторот, треба да се изолирате и да пиете повеќе течности, како и лесна храна.

„Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија. Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники!“, додава тој, пишува Пресс24.