Во овие тешки кризни времиња, наша задача е да обезбедуваме услови за креирање нови работни места, но секако и на подобро платени работни места за да се справиме со растечките трошоци за живот, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пред граѓаните на Кочани на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.
– Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Денеска бев во Тетово каде започна изградбата на новата фабрика на компанијата „Киел“ од Германија која ќе инвестира 9,2 милиони евра. Претходно, само за нешто повеќе од месец се отворија неколку нови фабрики кои ќе вработат над 3.000 граѓани. Меѓудругото треба да се потенцира дека во Кочани, Амфенол технлоџи гради нова фабрика на 3.500 квадратни мерти каде ќе се вработат уште стотина луѓе од овој град и од овој крај. Турската Текнопанел инвестираше 20 милиони евра и отвори 120 нови работни места со плати над просечните, порача Ковалевски
Претседателот Ковачевски истакна дека со успешните економски мерки и политики создадена е поволна клима за Македонија да стане една од трите најатрактивни економии во светот.
– Македонскиот работник е вреден, чесен и трудољубив и благодарение на заедничките напори на Владата и работниците, и нивниот труд сега се отвораат нови фабрики, нови погони, порача Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани.