Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и ослучно кон иднината“ во Кочани порача дека граѓаните не треба да се грижат за својата иднина затоа што Владата на СДСМ ќе направи се за да се има достоинствен живот во нашата држава.
Пред присутните, претседателот Ковачевски најави дека следната година ќе следува нов раст на платите и пензиите.
– Со новата методологија, до март 2023 година пензиите ќе бидат зголемени за 16%. Во една календарска година тоа е најголемото зголемување на пензиите во историјатана нашата држава за сите пензионери. Јас реков неколку пати и овде ќе повторам пениознерите ќе бидат почитувани, ќе бидат чувани за тоа што тоа се нашите родители, тоа се наши татковци и мајки, баби и дедовци кои ни ја створиле ова држава. Сите сме нивни деца, потенцираше Ковачевски.