22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ништо од ветувањата на Мицкоски во Скопје, Владата ќе ги преземе клучните проекти заради скопјани

Прво, ова прашање ќе му го поставите на Христијан Мицкоски затоа што тој пред само 1 година одеше по Скопје и кажуваше дека Скопје ќе ја добие најдобрата мајка и ќе стане најдобриот и најмодерен град во светот. Потоа, тој излезе на прес конференција и кажа дека ќе обезбедел бесплатен превоз за граѓаните и дека ќе купел нови електрични автобуси и дека ќе се изградела фабрика за електрични автобуси. Тоа беа негови зборови- изјави премиерот Ковачевски

Од тоа, не што нема ништо туку и превозот кој го имаше во Скопје го нема. Имаме трибини низ државата на кои што кажав дека обврска на оваа Влада е, особено на Влада предводена од СДСМ како политичка партија која се грижи и има вредности во својот фундамент за грижа за сите граѓани дека мора да помогне на сите граѓани во рамки на капацитети и можностите кои ги има.

Исто така сум кажал дека сите големи проекти кои се во Скопје започнати и кои им се потребни на скопјани, меѓутоа и на сите други градови Владата во рамки на своите надлежности ќе направи се за да може да ги доврши и во тој дух беше и посетата на министерот за локална самоуправа и министерката за култура на градот Скопје за којшто мислам дека сме пред договор за превземање на ингеренциите за Универзална Сала. Тој објект може да биде завршен и даден на употреба и користење на граѓаните на Скопје.

Меѓутоа постојат и други проекти којшто беа започнати како на пример пречистителната станица за градот Скопје, огромен проект којшто беше камен на сопнување за она што се случи во градот Скопје бидејќи се обвинуваа за поделба на провизии помеѓу себе членовите на ВМРО-ДПМНЕ и претставници во градот Скопје.

Потоа имаме брз автобуски превоз во градот Скопје којшто е одобрен проект со финансирање од меѓународни финансиски институции којшто едноставно не се реализира.

Погледнете ја клучката на Момин Поток која што е во застој, патот до Визбегово тоа е практично една исклучително важна сообраќајница која треба да ја поврзе индустриската зона Визбегово но и овој крај овде Чучер Сандево. Подвозникот кај Лимак скоро готов меѓутоа обврска на градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија, ниту милиметар од тоа не е направено. Така да јас работам со владиниот тим за да ги видиме можностите и да преземеме дел од тие активности да бидат направени заради скопјани, не заради политика.