Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Користете го за време на циклусот: Ако имате болни менструации, пробајте домашен мелем против грчеви

Голем број на жени имаат многу болни циклуси и затоа често мора да земаат лекови за истите да ги ублажат.

Тоа може да биде сериозна пречка за секојдневниот живот бидејќи го отежнува функционирањето.

Ако сте од оние жени кои имаат многу болни менструации и секој месец страдаат од болни грчеви, тогаш пробајте го овој мелем кој можете сами да го направите, а кој ќе ја ублажи болката.

7 g восок

19 гр масло од шафран

40 капки есенцијално масло од жалфија

30 капки есенцијално масло од нане

20 капки есенцијално масло од касија

20 капки есенцијално масло од семе од чили

6 капки есенцијално масло од лаванда

Во еден сад измешајте ги восокот и маслото, па ставете го на пареа да се растопи и да се соедини. Се трга од пареа, се додаваат етеричниа масла, се меша и се остава да се олади. Додека е уште течно, истурете ја смесата во мал стаклен сад и оставете да се олади.

Користете го со едноставно нанесување на делот каде што ги чувствувате грчевите и многу брзо ќе ја почувствувате топлината и олеснувањето.

Можеби ќе ве интересира

Дали комбинацијата од куркума и мед навистина прави чуда за телото и кожата?

C +

Високо преработената храна ги загрозува сите главни органи

C +

Мутиран вирус се шири низ целиот свет – Експертите предупредуваат за најлошата зима во деценијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.