25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Лидери сме во регионот во енергетска трансформација, може да станеме енергетски зелен центар на Европа

Лидери сме во регионот во енергетска трансформација. Можеме да станеме енергетски зелен центар на Европа., порача вечерва од Охрид на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-За 10 месеци, само во овој краток период од мојот мандат, имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи. Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години. За 10 месеци направивме повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ. Факт. Мерлив. Споредлив. Чист и јасен. Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани., рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ ги наведе инвестициите во енергетските проекти и трансформацијата која што е во тек.

-Една од новите енергетски проекти за трансформација е електраната во Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати. Веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со инсталиран капацитет од 100 мегавати на истото место. Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Се гради и во следниот период во употреба ќе се стават и најголемите 25 мегавати од ветерници во Свети Николе, рече Ковачевски.
Само денеска во охридско-струшкиот регион посетив две успешни компании како пример за енергетска транзиција и обезбедување струја од македонското сонце., додаде Ковачевски.

-Иднина во производството на електрична енергија ја гледам и на тоа интензивно работам токму во обновливите извори на енергија а резултатите се веќе видливи. Тоа е мојата енергетска визија, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце! Рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлуично кон иднината во Охрид.