25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски од Кичево: РЕК „Осломеј“ е првата електрана која од јаглен преминува на чиста енергија во регионот

„Нашата иднина во производството на електрична енергија ја гледам токму во обновливите извори на енергија. Еден од тие капацитети е овде во Кичевско во електраната Осломеј. Ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен во чиста енергија во регионот“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Кичево.

Тој додаде дека со инвестицијата во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ ја започнавме енергетската транзиција на државата, а веќе е распишан и јавен повик за изградба на уште 10 мегавати на истото место.

„Веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со турски и бугарски инвеститори со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати. Сакам лично да им се заблагодарам на работниците во РЕК Осломеј за нивниот труд и мака да обезбедат доволно енергија за нашата држава. Не верувајте на лагите на ВМРО-ДПМНЕ, нема да има никакво отпуштање на вработени во комбинатот во Осломеј туку ќе има нови работни места, нови инвестиции, модернизација“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека земјава е лидер во енергетската трансформација со потенцијал да станеме зелен енергетски центар во Европа.

„Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години. Најзначајниот, историки проект „Чебрен“, сега за прв пат има понуда од изведувач, односно од инвеститор после 13 неуспешни тендери. Е тоа значи одговорен, ефикасен пристап кон енергетиката, сектор во кој 30 години никој не вложуваше и никој не се грижеше“ рече Ковачевски.