Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АД ЕСМ потпиша договор со АД „Пошта“ за користење на услугите за поштенски сообраќај

АД ЕСМ потпиша договор со АД „Пошта“ за користење на услугите на ова државно акционерско друштво при поштенска комуникација.

АД ЕСМ е првиот државен субјект што потпиша ваков договор по одлуката на Владата донесена во октомври 2022 година, а која се однесуваше на сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост и сите други државни институции задолжително да ги користат услугите на АД „Пошта“, велат од оваа институција.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, при потпишувањето на договорот истакна дека актот е показател за општествена и државна одговорност на АД ЕСМ да им се помогне на институциите на државата и да се спроведуваат одлуките на Владата.

Со договорот, токму преку АД „Пошта“ ќе се одвива целиот поштенски сообраќај на АД ЕСМ и сите негови подружници во однос на испраќање, пренос и достава на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај за комуникација со деловни партнери и особено во следниот период за испорака на фактури за парно греење до потрошувачите во градот Скопје.

Генералниот директор на АД „Пошта“, Васко Стефанов, ги повика сите државни институции и акционерски друштва, како и општините, да склучат договор со „Пошта“ по примерот на АД ЕСМ и истакна дека системот и инфраструктурата им овозможуваат да ги даваат услугите што се бараат, а со тоа да го консолидираат ова акционерско друштво во државна сопственост.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Целосно ќе ја разобличиме криминогената власт на ДПМНЕ и ЗНАМ

ДЕСК

Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија

ДЕСК

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.