23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Вложувањата во енергетскиот сектор и сигурното снабдување на енергија се приоритетни инвестиции за раст на економијата

Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и истиот е во приоритетите на Владата на Република Северна Македонија со цел обезбедување на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија.

Директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски по повод Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија беше панелист на дискусијата која се одвиваше под слоганот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!”.

Во своето обраќање Николовски се задржана енергетската политика за привлекување инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија односно инвестирање во зелена енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.

„Мисијата е да го поддржува спроведувањето на енергетската политика на Владата на Република Северна Македонија преку учество во подготовка на енергетски стратегии, развојни планови и програми, прибирање и обработка на податоци и подготовка на извештаи, поттикнување на воведување на мерки за енергетската ефикасност и создавањена услови за зголемено користење на обновливи извори на енергија за производство на електрична енергија“, изјави Николовски.

Тој истотака напомена дека Агенцијата за енергетика спроведува, следи и анализира ефекти од спроведените мерки и активности дефинирани во енергетската политика на Владата, за зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија.

„Нашите цели како Агенција се да ја подобриме енергетската ефикасност од 32,5% до 2030 година, да го зголемиме процентуалното учество на обновливите извори на енергија вобруто-финалната потрошувачка на енергија од 32% до 2030 година, и да ги намалиме емисиите на стакленички гасови од 40% до 2030 година“, појасни Николовски.

Енергетската транзиција во Европа која има за цел да ги ублажи климатските промени во голема мера зависи од земјите од Западен Балкан. Затоа важно стана заложбите на земјите од оваа група можат да дадат максимален придонес во енергетската транзиција, земајќи ги предвид развојните потенцијали и домашните специфики на секоја земја поединечно.