15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Собранието донесе четири одлуки за испраќање припадници на Армијата во меѓународни операции

Четири одлуки за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународни операции донесе Собранието на Република Северна Македонија во рамки на новата 91.седница, која почна денеска.

Собранието донесе Одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. Одлуката е донесена еднногласно, со 74 гласа „за“. Според оваа одлука, во мисијата ќе заминат 32 припадници на Армијата, во период од шест месеци, почнувајќи од ноември.

Едногласно, со 77 гласа за, е усвоена и Одлуката за испраќање припадник на Армијата во „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, за периодот јануари – јули.

3а Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, гласаа 79 пратеници.

Со 78 гласа „за“ беше усвоена и Одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

Во првиот дел од денешната седница, пред редовната пауза, пратениците ја донесоа и Одлуката за објавување јавен оглас за избор на заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци. „За“ гласаа 53 пратеници, а еден беше воздржан.

Можеби ќе ве интересира

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

C +

Познатиот црногорски пејач се прости од Панчо: Од првиот ден те гледав како брат

C +

„Или си СДСМ или не си“ – реагира Филипче на фотографијата со Црвенковски, Пецаков и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.