23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ОО СДСМ-Виница: За една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Виница е реализирана една голема НУЛА

Прес на ОО СДСМ Виница:

Помина една година од преземањето на локалната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Миле Петков, а од ветувањата за оваа година единствено се остварија нашите предвидувања, односно само нивните партиски вработувања и унапредувања во општинската администрација со што значително ја оптоварија општинската каса со непродуктивни тошоци. Другото е сè ветер и магла.

Изминатата година, локалната власт освен што правеше измена на годишните планови за вработувања, ребаланс на Буџетот за финансирање на истите и поставување на бекатон плочки на некои тротоари во општина Виница, нема ниту започнато, а не пак реализирано некој од ветените капитални проекти од нивната програма. Па така, покрај тоа што нема план и реализација за ниту еден капитален проект, нема започнато ниту реализирано ни асфалтирање ниту реконструирање на некоја од улиците предвидени за реконструкција и асфалтирање за оваа година. За крпењето на дупките низ градот нема што ни да зборуваме со оглед на тоа дека градоначалникот ги лаже граѓаните дека истите ќе бидат закрпени уште од почетокот на годината, а досега нема ништо од тоа.

За предвидените проекти и нивната реализација за околните места во општината можеме заедно со вас граѓаните да дадеме оцена една голема НУЛА за реализацијата. Дури и претходно започнатите капитални проекти како што се градскиот пазар, кино салата, енергетски ефикасна фасада на општината итн, успеаја да ги закочат или одложат со реализацијата иако за нив имаше одобрено проекти и средства за реализација.

Значи, да сумираме почитувани сограѓани, за првата година од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, единственото што го видовме е трошењето на вашите пари за партиски и непродуктивни цели, додека реализацијата на ветените проекти за оваа година ќе остане за некои подобри времиња.
Тие можат да излезат и да кажуваат приказни дека нешто сработиле, но не можат на ве излажат ВАС граѓаните, бидејќи вие сте сведоци дека нема ништо од тоа.

Ако ја следиме народната поговорка дека ДЕНОТ ПО УТРОТО СЕ ПОЗНАВА, значи веќе ја имаме најнеспособната локална власт во општина Виница предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ОО СДСМ – Виница и Коалицијата