27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Темелковски: Оптимист сум дека со МОН ќе најдеме решение во полза на студентите

Претседателот на универзитетското собрание на УКИМ, Славчо Темелковски кажа дека за време на вчерашниот разговор во Собранието било потенцирано дека во однос на носењето на одлуки на државно ниво, младите треба да бидат дел од овој процес. Тој кажа дека е оптимист за усвојување на решение за студентскиот оброк кое ќе биде системско и долгорочно.

-Ние предлагаме легитимни решенија кои можат да се адаптираат и применат. Секогаш е подобро да се донесе едно решение кое ќе биде системско и долгорочно. Притоа нема да има потреба од постојани законски измени, кои можат да бидат кочени.

Кога вчера се согласија предлагачите на измените, како и министерот за образование, за тоа ние студентите да учествуваме во работните групи, јас сум оптимист дека ќе се донесе многу добар закон кој ќе придонесе многу за сте студенти, рече Темелковски во гостувањето во „Топ тема“.