20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Темелковски: Бевме во МОН да најдеме системско решение за студентскиот оброк

Заедно со претставниците на останатите универзитетски собранија на вчерашната средба со претставниците на власта покажавме обединетост и покажавме дека сите студенти сме на ист став, вели претседателот на студентското собрание на УКИМ, Славчо Темелковски во гостувањето во „Топ тема“.

Тој кажа дека тие не ги прифаќаат предлог измените во Законот за субвенциониран оброк.
-Важно е да се обезбеди здрав оброк за студентите, но со предлог измените се предвидуваше бројката да биде намалена на 2-3 илјади студенти од вкупно 30 илјади кои имаат право на надоместокот. Добро е што ни е исполнет уште еден од условите, а тоа е дека во работните групи за новото решение ќе учествуваат универзитетските собранија, заедно со Министерството за образование. Ова е добиена само една битка, борбата за подобар студентски стандард само што започна, рече Темелковски.

Тој додаде дека денеска тие биле на средба во МОН каде разговарале за детали за системско и долгорочно решение.
-Како дел од тие групи верувам дека ќе најдеме правилно решение за сите студенти. Првично беше намерата да се врати оброкот на студентите кои за краток период го „загубија“, додаде Темелковски.