14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Најостро го осудувам нападот врз снимателот на ТВ „24“

Реакција на македонскиот претседател, Стево Пендаровски, по нападот на екипата на ТВ „24“ пред куќата што била пријавена како место за престој на Украинецот Олександр Онишченко, кој добил македонско државјанство.

„Најостро го осудувам нападот врз снимателот на ТВ ’24’, Љубиша Игнатов. Медиумските работници мора да бидат слободни да ги извршуваат своите работни обврски и недозволиви се напади кои ја загрозуваат нивната безбедност и ги обесхрабруваат да работат во корист на јавниот интерес и граѓаните, кои од нив очекуваат навремени и проверени информации. Очекувам брза истрага од надлежните институции и соодветни санкции за сторителот на делото“, напиша Пендаровски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Спонзорирано: