21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Гостивар месец ноември го посветува на заштита на здравјето на учениците

Одделението за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар организираше трибина за сензибилизација и подигање на свеста кај младите на тема: „Негативни ефекти врз менталното и физичкото здравје од прекумерната употреба на технолошките алатки и социјалните мрежи“.

Панелот го отвори Афердита Хамза, раководителка на Секторот за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар.

Психологот, проф. Др. Муса Мусаи сугерира дека општеството треба повеќе да работи со младите на користење на модерната технологија. Тој вели дека ако нема злоупотреба, има придобивки дури и од користењето на социјалните мрежи. Тој ги повика оние кои се вклучени во наставниот процес да влијаат да не се користат мобилните телефони за време на часовите, бидејќи го дефокусираат ученикот.

Др. Валбон Лимани, доктор и претседател на Советот во општина Гостивар, рече дека поради зависноста од технологијата денес учениците боледуваат од болеста обезитет, тоа е поизразено, според него, кај средношколците.

Оваа панел дискусија доаѓа како проект на Секторот за социјална заштита, кој ноември го посветува на заштита на учениците на територијата на Гостивар.

На панелот што се одржа во Средното техничко училиште, покрај организаторите, учествуваа ученици и директори на средни училишта и претставници од локалната самоуправа на Гостивар.

Спонзорирано: