Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредена жена во сообраќајна несреќа во Прилепско

Во сообраќајна несреќа тешко е повредена 58-годишна жена од прилепското село Десово.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера на патот Ропотово – Богомила кога се судриле возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е. С. (22) од с. Десово, и возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С. М. (35) од с. Секирци.

Во несреќата тешки телесни повреди добила Л. К. (58) од с. Десово, сопатничка во возилото „мерцедес“, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.