23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Студентите имаат право да кренат глас, наше е да ги слушнеме и да им помогнеме

Денеска имаше навистина исклучително конструктивен дијалог помеѓу студенските здруженија, Министерството за образование и пратениците, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претставници на студентските здруженија. -Драго ми е што се изнајде заеднички јазик, на задоволство пред се на студентите во однос на студенскиот оброк, изјави премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со претставници на студентските здруженија. Тој кажа дека денеска имало исклучително конструктивен дијалог помеѓу студенските здруженија, Министерството за образование и пратениците. Тој додаде дека се разговарало и за други аспекти на студенскиот стандард пред се во делот на инфраструктурата во студенските домови при што веќе било договорено со МОН дека и во тој дел ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студенски домови каде што не е на најдобро ниво. Тој повтори дека студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас и своите ставови. -На нас коишто сме во Владата и пратениците е тие ставови да ги сослушаат, да ги разговараат со студентите и да се дојде до решенија коишто ќе бидат на задоволство на сите. Поминаа времињата кога некој можеше со студентите да се поигрува така како што сака, бидејќи студентите се тие коишто се наши деца и коишто се иднината на оваа држава, а за иднината носиме одлуки таа да биде европска и да можат да живеат во услови какви што живеат нивните врсници и во Германија и во Австрија и во сите други земји на ЕУ, додаде Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски се осврна и на греењето за студентите во студентските домови. -Оставивме министерот за економија заедно со министерот за образование да можат да ја видат точно потрошувачката којашто би се трошела со додавање на грејни тела и тоа исто така да биде решено во наредниот период. Студенските домови, најголемиот дел, дури мислам дека и сите, се на централното греење во градот Скопје. Ние централно греење во градот Скопје обезбедивме и тоа можат да го потврдат сите граѓани, веќе се набавени и количини на енергенси за до крајот на овој месец. Знаете дека ги набавуваме со термински план кој е пократокорочен заради движењето на цените на гасот. Доколку има потреба за дополнително греење тогаш секако дека МОН заедно со Министерството за економија ќе направи така како што направивме и за прехранбената индустрија, како што направивме и за другите витални функции во државата, заклучи Ковачевски.