СВР Штип поднесе кривична пријава против В.М.(56) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на директор на основно училиште во Свети Николе, во текот на 2021 година во повеќе навратил вршел набавки на стоки за училиштето од повеќе правни лица, без спроведена постапка за јавна набавка иако знаел дека вредностите на набавените стоки го надминуваат законскиот вредносен праг за задолжително спроведување на постапка за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки.