24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Мерките даваат резултати, виталните функции на државата се обезбедени

Во време на глобалната економско-енергетска криза, со сериозни предизвици во обезбедувањето струја и храна во нашите држави, соработката е од големо значење, рече премиерот Димитар Ковачевски на маѓувладината седница со Албанија. Во присуство на албанскиот колега Еди Рама, Ковачевски кажа дека во земјава досега обезбедуваме струја за домаќинствата и малите потрошувачи од домашно производство.

-Енергетските капацитети го зголемија производството, и работат со полна пареа. ЕСМ не само што зголеми за 25% производство, туку и ги натрфли плановите. Затоа е и можно да обезбедиме 80% субвенционирана струја за сите домаќинства во државата и за над 72 илјади компании, мали потрошувачи коишто вработуваат најголем дел од работниците во земјава. Со добро планирање и навремени потези, обезбедивме повластени цени за струја за основните и средни училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето отпадни води. Виталните функции на државата се обезбедени, рече Ковачевски.

Тој додаде дека е обезбедена поевтина струја и за прехранбените компании, по што се очекува цените на финалните производи да се намалат за најмалку 10%.

-Државата го презеде и работењето на топланите, и ќе обезбеди сигурна, стабилна и континуирана испорака и на топлинска енергија. Во тек се и повеќе големи инвестиции во енергетиката, што на среден и долг рок ќе овозможат одржливост во енергетскиот сектор – нешто што за прв пат се прави преку стратешки пристап. Енергетската трансформација ние ја започнавме. Со добро поставена визија, инвестираме во индустриите на иднината кои покрај тоа што ќе ни обезбедат енергетска независност, ќе ни отворат и можност за повеќе и подобро платени работни места за граѓаните. Оваа криза и е и можност, за развој, за иновација, можност да ја претвориме земјата, во хаб на зелена енергија која понатаму, со добар план и стратегија може да го снабдува и регионот но и континентот со енергија добиена од топлото македонско сонце, истакна премиерот.
Според Ковачевски и покрај овие амбициозни цели кои се поставени за енергетска трансформација, досега, активно и навремено Владата се справува и со економската криза преку пакетите антикризни мерки во вредност од над 760 милиони евра за поддршка на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

-Воедно, со интервентниот фонд од 4 милиони евра го помогнавме производството на стратешки земјоделски култури, а воведовме и нов модел на субвенцонирање, со којшто една од примарните цели е стимулирање домашно производство на храна. Сите овие мерки и активности кои ги преземаме ги даваат планираните резултати, но уште повеќе, ни даваат надеж дека догодина ќе биде подобро. А овие напори, беа препознаени и неодамна, претседателката на Европската комисија, Фон дер Лејен овде во Скопје соопшти дека ЕУ доделува износ од 80 милиони евра во прва транша, којшто ќе биде искористен за буџетска поддршка. Европа покажува солидарност со државите од Западен Балкан, што е добро и добредојдено, нагласи Ковачевски.