22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Пензионерите од први следниот месец ќе добиваат плус до 1500 денари, покрај пензијата – Еве и на кои други категории граѓани им следува помош и до 3000 денари месечно

Неодамна Владата одлучи, а истовременои поднесе Закон до парламентот, за Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат:

– корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост; самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

И за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.

За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:

– финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;

– финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.

Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.

Исплатите ќе се однесуваат за пензиите или поддршката за ноември, декември 2022, јануари и февруари 2023.