27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

АМСМ со важни известувања за граѓаните – Каква е состојбата на патиштата утрово?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.