5. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Стојаково: Повредени тројца млади на возраст од 18 до 22 години откако излетале со голф од патот

На 11.11.2022 година во 04.00 часот било пријавено дека во село Стојаково, Општина Богданци, Б.П.(18) од Богданци, управувајќи патничко возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(18) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.П.(22), и двајцата од Богданци, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.