27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Јанчева: Со градоначалничката Арсовска и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаме заробен град и неефективен Совет

Сведочиме на заробен град, неефективна администрација, неефективен Совет, истакна Љубица Јанчева советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма.

Јанчева нагласи дека нема никаква комуникација меѓу двата органа на Град Скопје – Советот и градоначалникот, а тие се две страни на една паричка и ако нема кохезија меѓу нив ќе нема просперитет за градот.

Жалам што добивме таква градоначалничка и жалам што граѓаните немаа слух за она што ние го зборувавме, затоа што веќе 12 месеци зборуваме каков е односот на градоначалниката особено кон опозицијата во Советот на градот, рече Јанчева, додавајќи дека досега не добила одговор од градоначалничката за советничко прашање, ни писмено, ни усно.

Советничка од СДСМ Јанчева истакна градоначалничката Данела Арсовска не е свесна што значи да се биде градоначалник на град Скопје, честа е голема, ама одговорноста е уште поголема, нагласувајќи дека стојат нереализирани проекти, за кои се обезбедени средства, како Бас рапид транзит, за кој се одобрени средства од зелени фондови, а локалната власт го оцени како нееколошки.

Стои Мостот на Љубљанска, за кој се одобрени пари од програмата ТАВ, како наследен проект кој треба да продолжи, Владата ги прифати сите анекси предложени од Арсовска но нема реазлиација, за Универзална сала стојат 80 милиони денари, а не се реазлириа, за одобрените 136 милиони евра и 72 милиони грант за пречистителната станица се плаќа бидејќи тие пари не се влечат, наведе Јанчева.

Колку е одговорна градоначалничката толку е одговорно мнозинството во Советот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, тие и овозможија да биде градоаначланичка, може сега ја напаѓаат Арсовска но советниците од мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Левица до вчера го напаѓаа претходниот градоначалник, а плодовите од неговата работа ги уживаме сите, порача советничка од СДСМ во советот на Град Скопје Љубица Јанчева.