Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени разбојници во Скопје

На 08.11.2022 околу 22.00 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(22) и 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на 07.11.2022 околу 20.30 часот во населба Лисиче-Скопје со закана со тврд предмет од малолетник од Скопје одзеле лични предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ планира да земе мигранти и кредит од 6 милијарди евра

ДЕСК

Патниот правец Охрид-Ресен кај Галичица затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.