22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ковачевски – Агелер: Потврда на стратешкото партнерство со САД и силна поддршка за евроинтеграциите

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со новата амбасадорка на САД во земјата, Анџела Прајс Агелер.

На состанокот е потврдено значајното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, со јасна порака дека во САД имаме искрен партнер и пријател. Изразена е силна поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија, со што се обезбедува подобар живот за граѓаните во својата држава.

Во таа насока разговарано е за значењето на натамошниот напредок на евроинтеграцискиот процес. Исто така, посочено е и на важноста од регионалниот развој преку добрососедската соработка, особено за економијата, како што, на пример, е соработката на државите во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата, јасна и видлива поддршка што ја има нашата држава од Соединетите Американски Држави.

„Република Северна Македонија е партнер од доверба во НАТО, а веруваме дека натамошната поддршка од САД за сите важни процеси ќе продолжи и ќе се интензивира“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, посочи дека Владата посветено работи да обезбеди европска иднина на граѓаните и на државата, но е и цврсто фокусирана кон справувањето со последиците од економската и енергетската криза, дека во рамките на најновиот сет антикризни мерки се обезбедува поддршка за најранливите категории граѓани, како и дека енергетската криза се менаџира преку државна поддршка за граѓаните и компаниите.

На состанокот е разговарано и за определбите на Владата за владеење на правото и справувањето со корупцијата како важни за граѓаните, но и за компаниите, во контекст на определбите на инвеститорите да вложуваат во држави во кои има правна сигурност.