Згрозени сме од недоличното однесување на Арсовска, не беше доволен циркузот од СДС, па сега јавноста треба да го гледа циркузот на Арсовска, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по расправијата во Град Скопје помеѓу градоначалничката и претседателот на Советот на Градот, Трајко Славевски.
„Арсовска наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поддржува правото Славески да го спроведува деловникот дословно. На Македонската јавност и е преку глава од циркузот кој го организира власта, па згора на се сега треба да го гледа и циркузот во режија на Арсовска. Да посветуваше толку внимание на работа и проекти, немаше Скопје да биде руиниран град“, наведе партијата во реакцијата.
Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде дел од циркузот на Арсовска.