27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Струја има доволно, но треба да се штеди

ЕСМ вчера произведе 14.007 мегават часови електрична енергија, во Термоелектраните произведени се 8.891 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.116и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

Во периодот од 15. 10 до 31.10 произведени се 199.830 мегават часови електрична енергија. Во истиот период продадени се и 600 мегават часови на електрична струја како вишоци. Со ова домашното производство на електрична енергија за период од 15 дена во целост ги покрива потребите на домаќинствата на малите потрошувачи.

Според советникот на премиерот за енергетика Виктор Андонов граѓаните и институците за сега добро штедат струја. Тој исто така порача, граѓаните да бидат спокојни, финансиските средства се обезбедени, ликвидноста на ЕСМ е осигурана, а струја ќе има за сите во текот на зимата. Исто така ЕСМ го реализира својот план за производство на електрична енергија во целост 100%. Произведено е повеќе струја од планираното. Биле планирани 3.034 гигават часови, а произведени се 3.039 гигават часови.

Доаѓаат студени денови, треба да се штеди
Сепак доаѓаат постудени денови неопходно е да ги вложиме сите максимални напори за штедење на електрична енергија.

-Во периодот од 15. 10 до 31.10 произведени се 199.830 мегават часови електрична енергија. Во истиот период продадени се и 600 мегават часови на електрична струја како вишоци. Со ова домашното производство на електрична енергија за период од 15 дена во целост ги покрива потребите на домаќинствата на малите потрошувачи, вели советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов.

ЕСМ го реализира својот план за производство на електрична енергија во целост 100%. Произведено е повеќе струја од планираното. Биле планирани 3.034 гигават часови, а произведени се 3.039 гигават часови.

Цената на струјата зависи од пратениците
Струја ќе има, но и таа како многу производи и услуги ќе стане ли луксуз? Владата презема мерки повеќе од една и пол година за импутот во дефинирање на цената за следната година да не биде удар за самите граѓани. Но, сепак, вицепремиерот за економски прашања пред два дена најави поскапување на цената на струјата.

-Секако сме свесни сме дека енергетската криза е тука и дека мора да има одредено, но да биде колку што е можно поблаго да биде ударот кај граѓаните, сметам дека тоа е императив за Владата, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На прашањето за колку отсто би се зголемила цената на струјата од Влада ни одговорија дека Предлог-буџет е испратен во Собранието, каде ќе се отвори дебата низ соодветните собраниски процедури.

Таму е заглавено и гласањето на антикризните мерки кои им се потребни на граѓаните, за кои комисијата за финансирање и буџет е Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и уште нема закажано седница.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоскипотврди дека комисијата и да не донесе промена на цената на струјата, само врз основа на покачувањето од 5 на 10% на ДДВ-то ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електричната енергија.

Согласно Законот за социјална заштита домаќинствата кои користат право на Гарантирана минимална помош и корисниците на право на социјална сигурност-социјална пензија, добиваат додаток од 1.000 денари месечно, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, во месеците на грејна сезона односно од октомври до март. Од 1 јули струјата за домаќинствата поскапи во просек за 7,4 отсто.

Соња Танеска / извор: Civilmedia.mk