Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Две тешки сообраќајки во Македонија

На 06.11.2022 во 15.54 во СВР Битола било пријавено дека на локален пат за с.Рамна, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „митсубуши пајеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(34) од Битола и патничко моторно возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од с.Алданци, крушевско. Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола се здобила З.И.(60) од с.Алданци, сопатничка во возилото „ауди“. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 06.11.2022 во 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, пред Скудрињски мост, патничко моторно возило „митсубиши пајеро“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Р.И. од с. Требиште, излетало од коловозот. Во несреќата, сопатничката З.И.(62) се здобила со тешки телесни повреди, а другите две сопатнички Д.С. и Е.А. се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК