Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Обвинителите бираат шеф на Организиран

Околу 160 обвинители од државата во понеделник ќе го изберат новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителите за прв пат ќе имаат можност да гласаат, а своето право ќе го искористат на гласачките места во вишите обвинителства.

Гласањето денеска ќе трае од 8 до 16 часот по што записниците ќе бидат доставени до Советот на јавни обивнители каде ќе се сумираат резултатите.

Без разлика колку обвинители ќе излезат на гласање сепак изборот ќе се изврши бидејќи во законот не е предвиден цензус односно колку гласови треба да освои еден кандидат за да избран.

На избирачкото ливче се пријавени четворица обвинители, односно досегашната шефица Вилма Рускоска, скопскиот обвинител Ермонд Незири, гостиварската виша обвинителка Деса Пауновска и шефот на гостиварското вишо обвинителство Ислам Абази.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК

Драма во Карпош рано утрово: Скопјанец претепан од неколку лица, полицијата истражува кои се тие

ДЕСК