28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Презентација на Извештај за човековиот развој 2021/2022 на УНДП

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на презентацијата на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

На презентацијата на извештајот насловен како „Неизвесни времиња, несигурни животи, обликување на нашата иднина во светот што се менува“ свое обраќање ќе има претседателот Пендаровски и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија. Извештајот е изработен и ќе биде претставен од страна на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

Извештајот за човековиот развој 2021/2022 ја рангира Северна Македонија од аспект на политичката стабилност и владеење, довербата во институциите, социо-економската состојба, родовите прашања, а воедно дава приказ на политичката и социјалната поларизација и екстремизам. Како резултат на пандемијата на Ковид – 19, глобалните тенденции од 2019 година покажуваат тренд на опаѓање во напредокот на човековиот развој.