9. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Андонов: Време е за солидарност и за штедење струја

Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов вели дека доааѓат постудени денови и затоа е неопходно сите да вложат максимални напори за штедење на електричната енергија.

Тој на прес-конференција во Владата кажа дека во октомври покрај добрите временските услови и намалената потрошувачка, голема улога одиграло и штедењето на електрична енергија од граѓаните и институциите за да нема набавка на електрична енергија.

-Во овој период што ни следува, имаме само еден избор, а тоа е да штедиме и рационално да се однесуваме, рече Андонов.

Тој додаде дека Владата е насочена кон домашното производство на електрична енергија и пуштање на сите домашни погони во функција.

Можеби ќе ве интересира

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +

Курсна листа за 28.08.2025

ДЕСК

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК