Купувачите на нови автомобили во Германија повторно очекуваат поголеми попусти, производителите нудат просечен попуст од 16,3 отсто за 30-те најпродавани нови автомобили.
Прво имаше недостиг на автомобили поради кризата со чиповите, а сега има се помалку купувачи, па производителите на автомобили ја стимулираат побарувачката со попусти, дури и оние кои одамна не нудат попусти.
Сепак, ова се однесува на големиот и конкурентен германски пазар. Кај нас во најголем дел не сме навикнати на големи попусти, ниту пред, ниту по кризата со чиповите. И не само кога се во прашање автомобилите.
Купувачите на нови автомобили во Германија повторно очекуваат поголеми попусти, производителите нудат просечен попуст од 16,3 отсто за 30-те најпродавани нови автомобили, а уште повеќе за најпопуларните plug-in хибриди, покажува новата студија на Центарот за автомобилизам.
Овој тренд треба дури и да се зголеми во наредните месеци, со оглед на тоа што производителите го зголемуваат производството, а купувачите се загрижени за инфлацијата и растот на трошоците за живот.