14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Страотна сообраќајка на Рузвелтова, повредените до болнички однесени во клиника

На 06.11.2022 во 00.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 206“, управувано од Ј.С.(21) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, управувано од В.Т.(43) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „хјундаи“, К.Н.(45) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатник од возилото „пежо 206“, Б.Ј.(21), и сопатничка од возилото „хјундаи“, Б.П.(44), двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.