24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Починал 6 месеци по ослободувањето: Поминал 30 години во затвор за убиство што не го направил (ФОТО)

Клод Френсис Гарет (65), кој помина 30 години во затвор во Тенеси поради убиство што не го извршил, почина шест месеци откако беше ослободен.

Во 1993 година, тој беше осуден за убиство на неговата девојка Лори Ли Ленс, но неговата пресуда беше поништена во мај оваа година, бидејќи подоцна беа откриени бројни нелогичности во текот на судскиот процес.

Новинарот вели дека починал во сон, неколку дена пред својот 66-ти роденден.

– Навистина немам зборови. Целиот негов живот е полн со неправди. Клод помина 30 години во затвор за злосторство што не го направил. Толку се бореше да докаже дека е невин – вели новинарката Лилиан Сегура.

Таа додава дека Клод во последните месеци уживал во својата слобода, а поголемиот дел од времето го поминувал со ќерката и внукот, кои ги обожавал.

Тажната животна приказна на Клод започна пред повеќе од 30 години кога избувна пожар во неговата куќа.

Ненадејно се разбудил во текот на ноќта и почувствувал мирис на чад, погледнал и видел дека куќата гори.

Веднаш ја разбудил својата девојка Лори и и рекол да го следи.

Кога пристигнале пожарникарите, тој успеал со секира да ја скрши вратата и да излезе, но Лори ја немало, пренесува Мирор.

– Не разбирам зошто не ме следеше – цело време им рекол Клод на пожарникарите.

Кога пожарот бил локализиран, пожарникарите го пронашле телото на Лори.

Инспекторите подоцна утврдиле дека пожарот бил намерно подметнат, а Клод бил осуден на доживотен затвор откако поротата го прогласила за виновен.

По големиот број поплаки, судијката на 6 мај годинава изјави дека има јасни докази дека истрагата за пожарот не била адекватно спроведена.