12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Крводарителска акција по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола

Со почеток во 10.00 часот, во салата на општина Битола започна криводарителска акција, во организација на општинската организација на Црвен крст Битола, на која вработените во општината и други граѓани се вклучија во активноста и даруваа крв.

Градоначалникот на општина Битола ги посети крводарителите и беше информиран од страна на претставниците на ОО на Црвен крст Битола и од вработените во Одделението за трансфузиологија во Клиничката болница, за самата активност и за бројот на крводарители. Тој ја поздрави хуманоста на граѓаните кои денес даруваа крв, со цел во иднина да спасат нечиј човечки живот.

Крводарителската акција е дел од настаните кои се реализираат во рамките на Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

C +

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +