Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Швајцарија потпиша Меморандум за разбирање со Министерството за финансии и Народната банка на Република Северна Македонија за поддршка на макроекономското проектирање и координација

Отпорноста кон шокови и подобрување на макроекономското проектирање и управување во време на неизвесност е особено важно во услови на висока неизвесност. Препознавајќи ја сериозноста на предизвикот, Швајцарија е подготвена да го поддржи Министерството за финансии во Северна Македонија и Народната банка на Северна Македонија преку размена на експертиза и искуства од експерти при макроекономска анализа, проектирање, моделирање и планирање на економски политики.

По повод почетокот на оваа соработка, амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, г-ѓа Вероник Улман, денес потпиша Меморандум за разбирање со министерот за финансии и со г-дин Фатмир Бесими, гувернерката на Народната банка, г-ѓа Анита Ангеловска-Бежовска.

Швајцарија ќе обезбеди експертизи и поддршка за овие две институции, во спроведувањето на макроекономски анализи , проектирање и планирање на политиките во Министерството за финансии, како и поддршка за подобрување на аналитичките способности при Монетарниот сектор во Народната банка. Преку подобрената експертиза во институциите, Северна Македонија ќе може да реагира побрзо во активирање на ефективните кризни мерки.

Швајцарија е близок партнер на Северна Македонија од 1992 година и ги поддржува реформите и развојот на земјата во областите на одржлив економски развој, демократско управување и заштита на животната средина и водата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК