26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Политички и енергетски промашувања се одлика на Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

Одлика на Христијан Мицкоски се политички и енергетски промашувања и погрешни проценки.

Обично за важните прашања за државата и граѓаните, Мицкоски нема став, а кога го има, тој е погрешен и нема врска со реалноста.

Со месеци ги лажеше и плашеше граѓаните со бугаризација, дека Македонците ќе се асимилираат, дека македонскиот јазик ќе стане дијалект, а се случи токму спротивното.

Македонскиот јазик во ЕУ, e признат и потврден, еднаш, засекогаш на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Со потпишувањето на договорот Фронтекс е направен историски исчекор. Тоа е првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки.

А Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не смогнаа сили ниту да им се извинат на граѓаните за вознемиреноста што ја предизвикаа.

Промашени се проценките на Мицкоски и за енергетиката.

Во ек на глобална енергетска криза, Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор, лани велеше дека јаглен има за уште два дена, а не само што има доволно јаглен, туку и термоелектраните го зголемија производството за 25 отсто.

Домаќинствата, малите потрошувачи се снабдуваат со 100 отсто домашна, македонска струја, со што се зајакнува енергетската независност на државата и се штедат пари затоа што нема скап увоз.

Мицкоски повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди. Според неговите препораки ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.

Се што тој кажа и предвидуваше Мицкоски, на крајот излезе погрешно.