Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Каевски: Со уставните измени пропаѓа тезата „еден народ во две држави“

„Жалам што кај опозицијата се уште има структури кои се против уставните измени и вметнување на Бугарите во Уставот. Со тоа се прифаќа тезата на бугарските националисти кои кажуваат дека сме еден народ што живее во две држави“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека со вметувањето на Бугарите во Уставот оваа теза паѓа и кажа дека не смееме да дозволиме уставните измени да станат кочница на нашиот европски пат.

„Владината коалиција е стабила и целата коалиција знае колкаво е значењето на процесот на преговори“ кажа Каевски.

Пратеникот од СДСМ за можните барања од албанските партии за други менувања на Уставот кажа дека тоа се легитимни прашања кои треба да се дискутираат, но да не се поистоветуваат со уставните измени за внесување на народите во Преамбулата бидејќи европскиот пат треба да биде на врвот на агендата на приоритети.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК