Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Каевски: Во хрватскиот пример се обединија сите, само заедно побрзо ќе станеме членка на ЕУ

„Лидерската средба е можност сите партии да се информираат, да дадат допринос и да дебатираат за тоа што следи. Верувам дека ќе го следиме хрватскиот пример, кои преговорите ги завршија за шест години бидејќи имаше политички консензус“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека само со сериозен политички консензус земјава може да успее да ги заврши преговорите во оваа декада.

„Важните прашања за државата се врзани со процесот на преговори со ЕУ. Доколку некој е против ЕУ и е за сојузи со земји од Источна Европа и Азија тоа да го каже пред граѓаните за граѓаните да го знаат ставот на партиите“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека доколку партиите се за ЕУ тогаш придонесот на опозицијата во целиот процес е многу важен и потребен.

Можеби ќе ве интересира

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

ДЕСК

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК