24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Бислимовски: Да застанеме малку и да видиме дали има реална потреба од повисока цена на струјата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во интервју за Телма телевизија кажа дека во изминатиот период се зголемила цената на струјата поради фактот дека имало потреба, бидејќи се случиле драматични промени на пазарот на електрична енергија, не само во Македонија, туку и во цела Европа. Тој воедно коментираше и евентуално зголемување на цената на струјата во претстојниот зимски период.

-РКЕ и да не донесе промена на цената на електричната енергија, само врз основа на данокот на додадена вредност ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електрична енергија. Мислам дека ќе треба да разгледаме и ние за да се даде малку простор и за други покреативни решенија со цел да се избегне ова зголемување, рече Бислимовски.

Според него треба да се размисли, ‘да се нагази топката’ и да се види дали има потреба од промена на цената на струјата за домаќинствата.