23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петровска во СТУДИО 10: Македонија е безбедна земја, а со хибридни напади се соочуваат сите

Имаме раст на буџетот за Армијата согласно нашето членство на НАТО, но сепак со разбирање на кризната состојба во која се наоѓа земјата, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

Таа додава дека ние немаме големи давачки кон НАТО, особено со оглед на придобивките што ги имаме од членството во Алијансата.

За оставката што вчера повторно ВМРО-ДПМНЕ ја побара од министрката за одбрана Петровска, таа коментира дека доследно го имплементира Законот за измена и дополна на законот за Армијата кој ги засега вработеите во Армијата и за сите пробеми и состојби разговара со вработените чијшто работодавач е МО.

-Со сите четири синдикати се усогласивме за покачување на платата на сите вработени линеарно за 2000 денари. Законот беше поднесен во Собранието и помина за разлика од претходниот кој беше блокиран од опозицијата. Овој закон го решава и проблемот на вработените на кои им престанува работниот однос кога ќе наполнат 45 години. Се појави проблем при пресметките, но тоа го решивме заеднички со синдикатите, вели Петровска.

Ако пратениците имаат заблешки на мојата работа, вели Петровска, не треба да бараат моја оставка туку треба да поднесат интерпелација.

Што се однесува до безбедноста на дравата, Петровска вели дека сме безбедни. Со тоа што како и сите други земји сме изложени на сајбер напади и хибридни закани. Целта на овие закани и напади е предизвикување недоверба и несигурност во општеството.

-Институциите во државата си ја вршат работата и граѓаните треба да имаат доверба, вели Петровска која и сама беше жртва на хибриден напад.

Таа претпоставува дека причината за хибриднит напади врз неа се поттикнати од нејзиниот цврст став кон неправедната војна против Украина.

-Нашите позиции за Украина не беа поттикнати од инструкции од НАТО туку беа изградени во рамки на институциите. Ние сме независна држава, а нашиот глас се слуша во Алијансата бидејќи сме рамноправна членка, вели Петровска.

Таа вели дека сите безбедносни организации во државата соработуваат меѓусебе, а нејзините очекувања се сите нституции да реагираат во рамки на своите надлежност да ги обесхрабрат ваквите напади. Власта, вклучително и судската треба да обезбеди безбедност и сигурност на граѓаните, коментира Петровска во СТУДИО 10 на ТВ24.

-Закани од конвенционален тип врз земјава немаме. Секогаш кога имаме какво било предупредување институциите преземаат мерки, без оглед што се води војна на европско тло, вели Петровска.