Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Младо момче со повреди донесено во градска – Кон него покрај физички напад, било и пукано од огнено оружје, но за среќа не бил погоден

Денеска (01.11.2022) во 02.46 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.З.(23) од с.Мирковци, скопско.

Според пријавеното, тoj се здобил со повредите околу 01.30 часот во с.Мирковци при физички напад. Како што пријавил, поради недоразбирање во сообраќајот, едно лице испукало кон него со огнено оружје, но не го погодило, а потоа друго лице физички го нападнало. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје и се преземат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК