„Со изградбата на пречистителната станица ставаме крај на деценискиот проблем со чиста вода за пиење на граѓаните. Делчево трајно го решава проблемот со квалитетот на водата за пиење и со загубите на водата“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Делчево.
Тој додаде дека овој проект е проект со заедничка соработка на Владата, која вложи 1,3 милиони швајцарски франци, Швајцарската Конфедерација која го поддржа проектот со 6 милиони швајцарски франци и општината Делчево која инвестираше 30 илјади швајцарски франци.
„Дополнително проектот опфаќа и изградбата на фотоволтаична централа со капацитет од 250 kw во пик со кој се предвидува делумно покривање на потребите за електрична енергија за бунарите и прочистителната станица“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека еден од столбовите на политиката на Владата е рамномерен регионален развој, бидејќи секој град и секој регион во државата заслужува да биде убаво место за живеење.