27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Славевски нека дојде и на работниците нека им каже дека 18.000 денари се многу за минимална плата

Јас бев тој кој што кажа дека мнималната плата на работниците треба да биде 18.000 денари, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Крива Паланка.

„Креаторите на економските политики на ВМРО-ДПМНЕ излегоа и кажаа дека многу била висока минималната плата од 18.000 денари, а во нивно време минималната плата беше 9.000 денари. И кој го кажува тоа? Трајко Славевски, економист кој вели дека го остварил македонскиот сон. Нека дојде тој овде во Крива Паланка, нека се поздрави со овие наши сограѓани кои работат во рудниците, во Тораница, и ним нека им каже дека минималната плата треба да биде 9.000 денари, а не 18.000 денари.“ порача претседателот Ковачевски.