19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Прилеп: На изборите во 2024 година победничка е проевропската коалиција на СДСМ

Претседателот на владејачката партија, Димитар Ковачевски, од граѓанската трибина „Силоно и одлучно кон иднината“ во Прилеп, истакна дека СДСМ 31 година е на вистинската страна на македонската држава, од независноста, преку членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, па се до успехот со признавањето на Македонска црква, а сега и признаен македонски јазик.

-Мојата визија е заедно со вас, да изградам економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. Мојот концепт е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во Брисел, рамноправни и побогати од денеска. Знам дека патот кон ЕУ нема да биде лесен. Но на крајот од тој пат е големата награда. Со крената глава, горди и достоинствени да бидеме дел од Европската унија, рече Ковачевски.

Тој истакна дека има план и визија, посветен е на целта и побара обединување околку европскиот концепт, а се осврна и на редовните парламентарни избори во 2024 година.

-Токму на тие избори, ќе се судрат два концепта, едниот предводен од мене, којшто е проевропски концепт, кој значи членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет, горди граѓани со сигурна иднина и побогати.
Вториот е предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кој значи враќање назад во неизвесност и во изолација. Јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Ќе успееме заедно и во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија, кажа Ковачевски, додавајќи дека СДСМ денес е консолидирана партија која е вратена на победничките патеки.